Бугарските медиуми објавуваат дека Ива Михаилова повеќе не е во болницата во Софија каде и се вршеше дијагностика за здравствената состојба. “Од болницата „Пирогов“ соопштија дека Ива Михајлова останала нивен пациент сè до почетокот на оваа недела. Младата жена била подложена на дополнителни, високоспецијализирани прегледи за да се разјасни нејзината здравствена состојба. Сега ќе се донесе одлука во врска со продолжувањето на нејзиното лекување. Михајлова била примена во болницата за итни случаи минатиот понеделник, веднаш по нејзиното пристигнување во Бугарија” објавува news.bg. По средбата со колешката од Бугарија, министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека премолчно се согласиле дека прашањето зс Михаилова е правно.
Денеска на предлог на Основното јавно обвинителство, Судот одлучи на обвинетата да и се суди во отсуство
“Донесено е Решение на И.М., обвинета за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, да и се суди во отсуство, бидејќи таа не е достапна на државните органи. Следното судско рочиште е закажано за 09.11.2026 година во 9 часот” објави ОЈО
На рочиштето според нејзиниот адвокат Насер Рауфи треба да сведочи вештак од областа на сообраќајот ангажиран од одбраната кој се очекува да каже дека таа не влегла во друга лента туку возилото во кое била жртвата и повредените.
Бегството на Михаилова кое сеуште не е утврдено како се одвивало и дали некој помогнал уште повеќе ги комплицира односите меѓу двете земји. Македонските власти најавија дека за случајот ќе пријават во ЕУ и НАТО.(П.А.)












