четврток, февруари 12, 2026
Дома СВЕТ Италија нема да купува американско оружје за Украина

Италија нема да купува американско оружје за Украина

296

Италијанското Министерство за одбрана денес објави дека Италија нема да учествува во планот на американскиот претседател Доналд Трамп европските земји да купуваат американско оружје за Украина.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој во последните денови, во согласност со желбите на американскиот претседател, објави дека германската федерална влада има намера да купи системи за воздушна одбрана „Патриот“ од САД за да ги стави на располагање на Украина.

Од друга страна, италијанските системи за оружје што веќе му се продадени на Киев одговараат на различни технолошки конфигурации (Samp-T е од италијанско-француско производство), а Рим исто така не може да издвои потребната сума пари за таква набавка, објавува „Стампа“.

ИЗДВОЕНИ