epa12492009 An Apple store in Palo Alto, California, USA, 29 October 2025. Apple Inc. is schedule to release their earnings report at the end of the closing bell on 30 October 2025. EPA/JOHN G. MABANGLO

Италијанскиот регулатор за конкуренција и изрече казна од 98,6 милиони евра на американската компанија Apple за злоупотреба на доминантната позиција на пазарот на мобилни апликации, објави Управата за конкуренција и пазар (AGCM).

Според италијанскиот регулатор, Apple ги прекршил европските правила во својата App Store, каде што се вели дека има „апсолутна доминација“ во екосистемот iOS во односите со независните развивачи, што го користел за ограничување на конкуренцијата на пазарот.
AGCM тврди дека Apple вовел порестриктивни политики за приватност на трети страни преку својот систем за следење на транспарентноста во апликацијата (ATT) и барал од развивачите постојано да ги прашуваат корисниците дали дозволуваат нивните податоци да се користат за рекламирање.

Регулаторот смета дека овие услови се еднострано наметнати, непропорционални на целта за заштита на приватноста и штетни за деловните партнери на компанијата.
AGCM забележа дека истрагата е спроведена во координација со Европската комисија и други меѓународни тела за заштита на конкуренцијата, пренесува Ројтерс.

ИЗДВОЕНИ