Истрагата за пожарот во Хонг Конг открива многу пропусти – досега приведени 15 лица

0
EPA/LEUNG MAN HEI

Полицијата во Хонг Конг денеска соопшти дека 15 лица се приведени под сомнение за убиство од небрежност во големиот пожар во станбените згради, додавајќи дека се очекуваат уште апсења.

Меѓу приведените се 14 мажи и една жена, на возраст меѓу 40 и 77 години, сите поврзани со компанија за одржување и инженерство што работеше во станбената зграда „Ванг Фук Корт“ во Таи По, соопшти полицијата, објави Ксинхуа.

Пожарот одзеде најмалку 156 животи, а околу 30 лица сè уште се водат како исчезнати, соопштија властите.

Властите во Хонг Конг соопштија во понеделникот дека истрагата за катастрофалниот пожар во кој загинаа најмалку 156 лица открила дека заштитните мрежи што ги покриваат скелињата на зградите што се реновираат не се во согласност со прописите за пожар. Додека јавноста покажува солидарност и собира донации, владата истовремено ја заострува својата реторика и презема чекори за замолчување на критиките.

ИЗДВОЕНИ