четврток, февруари 26, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Исто сценарио, нови жртви: Лажни лекари измамиле двајца битолчани за речиси 20...

Исто сценарио, нови жртви: Лажни лекари измамиле двајца битолчани за речиси 20 илјади евра

16

Осудесет и четиригодишна битолчанка била измамена за 9.600 евра, информира утрово СВР Битола.

Според пријавата, вчера околу 16:00 часот лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ рекло дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и итно мора да се оперира. Парите ѝ биле земени од лице кое дошло пред нејзината зграда. Подоцна, откако се слушнала со ќерката, сфатила дека била измамена.

Ден претходно, 83-годишен битолчанец пријавил сличен случај, кога измамникот се претставил како лажен лекар и му рекол дека неговата внука се здобила со тешки повреди и потребна е итна операција. Тој бил измамен за 10.000 евра.

Според СВР Битола, двата случаи се спроведени по исто сценарио: измамените лица ги даваат парите на лице што доаѓа пред нивната врата и потоа сфаќаат дека се измамени.

Полицијата презема мерки за откривање на сторителите и расчистување на овој и претходните случаи на измами од лажни лекари.

ИЗДВОЕНИ