Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека извештајот на Државниот завод за статистика за земјоделството, кој укажува на зголемени вложувања и на поголеми резултати, е позитивен за земјоделците, на кои им се исплатени над осум милијарди денари субвенции.
– Апсолутно е точно тоа, и тоа го покажува новиот извештај на Државниот завод за статистика.
Тој додаде дека има двоцифрен пораст на производството, односно зголемување на цените кон откупувачите, кои најчесто се насочени кон извоз, и „незначително 1,2-2 отсто зголемени вложувања во трошоците, во расходната страна на земјоделците“.
– Тоа е веќе неколку месеци, и тоа е одлично. Тоа е одличен параметар, тоа значи повеќе пари за инвестиции и повеќе пари за земјоделците – рече Мицкоски.
Во врска со поддршката што им ја дава Владата на земјоделците, премиерот посочи дека минатата година биле доделени повеќе од 8 милијарди денари за исплата на заостанати субвенции од 2021 година.
– Од 2021 плаќавме од 2021, 2022, 2023 и 2024 година, мислам дека е заокружена. Сега треба да се размислува за тековната година. Така што од 2021 година се плаќаат заостанати субвенции од 8,6 милијарди денари, приближно – објасни Мицкоски.