понеделник, август 24, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Исарот повторно ќе заблеска – почна изградбата на пристапниот пат до тврдината

Исарот повторно ќе заблеска – почна изградбата на пристапниот пат до тврдината

50

Во Штип започнаа подготовките за обновување и уредување на тврдината Исар – едно од најпрепознатливите обележја на Штип и симбол на нашата историја.

Веќе се гради пристапниот пат до тврдината Исар, кој ќе се користи за транспорт на градежните материјали и на механизацијата потребни за нејзината обнова.

Проектот предвидува целосна реставрација на трите кули, нови бедеми, уредени патеки, паркинг, осветлување и три видиковци со панорамски поглед кон Штип.

Преку 3.500 кубни метри камен ќе бидат вложени во обновата, со цел да се зачува автентичниот изглед и духот на Исарот.

Инвестицијата е околу 1,4 милиони евра, а рокот за реализација е 18 месеци.

– Ова не е само градежен проект. Ова е чување на нашата историја, оживување на нашето наследство и создавање нова туристичка приказна за Штип. Од камен до нова визија. Од минатото кон иднината. Исарот е нашата гордост – време е повторно да заблеска – наведуваат од Општина Штип

Тврдината Исар е посебен белег за градот. Тоа е возвишение на 150 метри над нивото од река Брегалница. Во 2009 година, истражувачите открија 30 метри од тунелот што води од реката до врвот на Исарот. Со тоа се потврди најраскажуваната штипска легенда за освојување на градот преку таен тунел под Исарот, за кој пишувал и турскиот патописец, Евлија Челебија во 17 век. Истражувањата во последниот период само ја потврдуваат длабоката историја.

 

ИЗДВОЕНИ