четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Иранците се закануваат: Ако САД ги преминат црвените линии, ќе ги прошириме...

Иранците се закануваат: Ако САД ги преминат црвените линии, ќе ги прошириме нападите надвор од регионот

75
EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Тензиите меѓу САД и Иран ескалираа со размена на остри закани. Американскиот претседател се закани дека ќе ја нападне иранската инфраструктура, додека Иранската револуционерна гарда изјави дека нема да се двоуми да возврати.

Американскиот претседател изјави дека доколку Иран не се согласи да го отвори Ормутскиот теснец, ќе нареди напади врз иранските електрани и мостови во рок од неколку часа. Од друга страна, иранските државни медиуми објавија соопштение од Револуционерната гарда во кое се наведува дека Техеран нема да се двоуми да возврати со иста мера во случај на американски напад врз цивилни објекти.

„Ќе одговориме со удар врз американската инфраструктура и инфраструктурата на нивните партнери, што ќе ги остави нив и нивните сојузници без нафта и гас од регионот со години“, се вели во соопштението. Американските лидери не можат ни да проценат кои клучни средства би гтаргетирале нашите борци во случај на напад врз нашата инфраструктура“, се додава во соопштението. „Ако американската војска ги премине нашите црвени линии, нашиот одговор ќе се прошири надвор од регионот“, се додава во соопштението.

ИЗДВОЕНИ