четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Иран нуди договори за користење на Хормускиот Проток

Иран нуди договори за користење на Хормускиот Проток

140
google maps

Иран е подготвен да склучи договори со европски, азиски и арапски земји за користење на Хормускиот Проток, изјави премиерот Елиас Хазрати.

„Иран целосно го контролира Хормускиот Проток, додека американскиот претседател Доналд Трамп зборува глупости за Протокот. Денес решивме можеби да објавиме договор за Хормускиот Проток. Ќе ги поканиме европските, азиските и арапските земји кои сакаат да го користат да склучат договор со нас“, рече тој во емисија на државното иранско радио и телевизија.

Претходно, американскиот претседател во обраќањето до нацијата изјави дека транспортот низ Хормускиот Проток ќе биде целосно обновен откако ќе заврши конфликтот со Иран, истакнувајќи дека Техеран е заинтересиран само за продажба на нафта. Според Трамп, на САД не им е потребен транзит низ Хормускиот Проток, а обновувањето на пловидбата треба да биде одговорност на земјите што го користат за транспорт на нафта, пренесува ТАСС.

ИЗДВОЕНИ