среда, февруари 25, 2026
Дома СВЕТ Иран му одговори на Трамп: Професионалните лажговци се добри во создавањето „илузија...

Иран му одговори на Трамп: Професионалните лажговци се добри во создавањето „илузија за вистината“

46
EPA/WILL OLIVER / POOL

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, изјави дека тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, што ги изнесе за Иран во своето обраќање за состојбата на нацијата, се неточни и додаде дека „професионалните лажговци“ се добри во создавањето илузија за „вистината“.

Вака реагираше тој на изјавите на Трамп дека САД ја уништиле иранската програма за нуклеарно оружје за време на нападот во јуни минатата година, но дека Техеран „повторно“ се обидува да изгради нуклеарно оружје и дека тој нема да дозволи тоа да се случи, дека Иран веќе развил ракети што можат да ја загрозат Европа и САД и дека 32.000 луѓе биле убиени за време на неодамнешните протести.

„Повторувај ја лагата доволно често додека не стане вистина“ е пропагандна максима измислена од нацистот Јозеф Гебелс, а сега систематски ја користат американската администрација и нејзините воени профитери, особено геноцидниот ционистички ентитет, за да ја продолжат својата подмолна кампања за дезинформација против Иран. Сè што тврдат за нуклеарната програма на Иран, неговите балистички ракети и бројот на жртви за време на јануарските немири не е ништо повеќе од повторување на „големи лаги“. „Никој не треба да биде залажан од овие очигледни лаги“, напиша Багеи.

Патем, синоќа Трамп зборуваше пред Конгресот за состојбата на нацијата, но и за светите актуелни настани. Така го допре Иран.

Трамп се осврна на темата за идните планови со Иран, објаснувајќи дека сè уште е негова цел да го реши проблемот дипломатски, но дека тоа сè уште не се остварило.

„Политика на Соединетите Американски Држави со децении е никогаш да не дозволат Иран да се здобие со нуклеарно оружје… но тие развија ракети што можат да ја загрозат Европа и нашите бази во странство и работат на изградба на ракети што наскоро ќе стигнат до Соединетите Американски Држави по операцијата „Полноќен чекан“, рече Трамп.

Тој исто така рече дека сè уште не ги слушнал тие „тајни зборови“ од Иран, дека ќе се откажат од развојот на своите нуклеарни капацитети.

„Но едно е сигурно, никогаш нема да дозволам спонзорот број еден на теророт во светот да има нуклеарно оружје“, објасни тој.

ИЗДВОЕНИ