Иран издаде предупредување за евакуација на седиштето на израелскиот Канал 14, објавија иранските медиуми во четвртокот вечерта, неколку дена откако Израел ја нападна зградата на иранската државна телевизија.
Според снимката споделена од иранската Прес ТВ, предупредувањето наменето за персоналот на Канал 14 вели дека радиодифузерот го поддржува тероризмот и се смета за легитимна цел на иранските вооружени сили.
„Во наредните денови оваа мрежа ќе биде цел на ирански ракетни напади. Затоа, неопходно е да се евакуираат зградите… што е можно поскоро и да не се враќаат таму“, се вели во предупредувањето.
Од 13 јуни, Израел ги гаѓаше иранските нуклеарни и воени објекти и персонал со воздушни напади, што предизвика одмазднички ирански напади. Во понеделникот Израел го нападна иранскиот државен радиодифузен сервис IRIB и го прекина неговиот директен пренос.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац го нарече IRIB орган за емитување пропаганда и поттикнување на иранскиот режим.