вторник, јули 7, 2026
Дома СВЕТ Иран им се закани на САД и Израел со нов одговор во...

Иран им се закани на САД и Израел со нов одговор во случај на напад

103

Иранските вооружени сили се целосно подготвени да одговорат на секој непријателски потег, а секоја нова агресија против Иран би довело до ширење на конфликтот надвор од регионот, изјави воен извор за „Тасним“.

Според изворот, иранските вооружени сили внимателно ја следат ситуацијата и подготвиле нови сценарија за соочување со САД и нивните сојузници во случај на каков било „непријателски потег“.

Тој изјави дека во тој случај, противниците на Иран ќе се соочат со „трета верзија“ на одговорот на Иран, што би вклучувало нова воена опрема, нови цели, како и различни тактики и стратегија за војување.

ИЗДВОЕНИ