понеделник, август 31, 2026
Дома СВЕТ Иран го негира нападот на САД на островот Харг и ја оценува...

Иран го негира нападот на САД на островот Харг и ја оценува објавата на Трамп за смешна

0
EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Нафтените капацитети на иранскиот остров Харг не престанале да работат, изјави денес Хамид Бовард, генерален директор на Националната иранска нафтена компанија, негирајќи ги тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи дека клучниот нафтен центар е уништен.

„Твитовите на Трамп се смешни, а ситуацијата на Харг е мирна и нормална“, изјави Бовард за иранската државна новинска агенција Нурњуз, објави Ројтерс.

Тој потсети дека американските и израелските сили во минатото постојано го бомбардирале островот, кој сочинува 90 проценти од извозот на нафта на Иран, но дека дури и тогаш, работните активности не биле прекинати ниту за момент.

ИЗДВОЕНИ