Иранскиот режим ги предупреди своите граѓани да престанат да ги користат „Вацап“ (WhatsApp), „Телеграм“ (Telegram) и другите „апликации за откривање локација“, објаснувајќи дека тие се еден од „главните методи“ на Израел за идентификување и таргетирање на поединци, објави иранската државна новинска агенција IRIB.
„По неодамнешните целни атентати“ од страна на Израел, „вклучувајќи го и атентатот врз научници, извештаите укажуваат дека (израелскиот) режим користи следење на мобилни телефони за да лоцира и таргетира луѓе во Иран“, соопшти IRIB, повикувајќи се на безбедносен извештај објавен денес, објави „Си-ен-ен“.
Во извештајот се вели дека користењето на апликациите е „опасно под овие околности“.
Во извештајот, исто така, им се наредува на луѓето да ги исклучат своите мобилни телефони пред да се преселат и да ја сменат локацијата.
„Луѓето би требало да се воздржат од носење мобилни телефони кога одат на ризични места“, додаде IRIB.
Безбедносниот извештај, исто така, ѝ советува на јавноста, „особено на вработените во чувствителни организации, да не користат небезбедни телекомуникациски линии и да избегнуваат користење небезбеден софтвер“.