Ирачкиот министер за нафта, Басим Мохамед Худаир, денес изјави дека Ирак разгледува опции за изградба на нов нафтовод што ќе ги поврзува Басра и Киркук – а оттаму и турското пристаниште Џејхан – со цел да ги диверзифицира рутите за извоз на сурова нафта и да го заобиколи теснецот Хормуз.
Худаир на социјалните мрежи истакна дека проектот ја вклучува и можноста за продолжување на дел од нафтоводот до терминалот Банијас во Сирија.
Градот Банијас, сместен на северозападниот брег на Сирија, е дом на една од главните рафинерии во земјата и на извозен терминал на Средоземното Море.
Трамп се откажа од идејата за наплаќање на преминот низ теснецот Хормуз.
Худаир напиша дека неговото министерство има „јасна визија и стратегија, засновани на диверзификација на рутите за извоз на ирачка нафта и на одбивањето да се потпира исклучиво на теснецот Хормуз“.
Ирак, како голем производител на нафта, со години се потпира на теснецот Хормуз за транспорт на својата сурова нафта до светските пазари.












