Ирак ги брои мртвите, болниците се преплавени со повредени од страотниот пожар во трговскиот центар/ВИДЕО

423

Во пожар што избувна во трговски центар во градот Кут, во источен Ирак, во текот на ноќта загинаа најмалку 61 лице. Ова го соопшти ирачкото Министерство за внатрешни работи.

„Трагичниот пожар одзеде животи на 61 невин граѓанин, од кои повеќето се задушија во тоалетите, вклучувајќи 14 јагленисани тела кои сè уште не се идентификувани“, се вели во соопштението на министерството. Властите претходно соопштија дека бројот на жртви е 50.

Пожарот избувнал доцна во среда, наводно почнувајќи на првиот кат, а потоа брзо се проширил на целиот трговски центар „Хипер Мол“. Причината за пожарот засега е непозната.

Итната помош ги превезуваа повредените во болниците до 4 часот наутро, а болниците во Кут, околу 160 километри југоисточно од Багдад, беа преполни. Репортер на АФП изјави дека трговскиот центар бил отворен само пет дена пред пожарот. Пожарот оттогаш е ставен под контрола, но пожарникарите сè уште трагаат по исчезнати лица.

Видеата споделени на социјалните мрежи покажуваат очајни роднини како чекаат вести за своите најблиски.

Еден човек седел на земја, се удирал по гради и викал: „О, татко мој, о, срце мое“, објави Alarabiya.net.

Насир ал-Куреиши, доктор, рече дека во пожарот изгубил пет члена на семејството.

„Нè снајде катастрофа“, изјави тој за АФП. „Отидовме во трговскиот центар за да јадеме нешто, да вечераме и да избегаме од прекинот на струјата дома.

– Клима уредот експлодираше на вториот кат, а потоа избувна пожар и не можевме да избегаме.

Гувернерот на Кут, Мијахи, прогласи тридневна жалост и рече дека локалните власти ќе поднесат тужба против сопственикот на трговскиот центар и изведувачот на работите. Гувернерот изјави дека е во тек истрага за причината за пожарот, додавајќи дека прелиминарните резултати се очекуваат во рок од 48 часа.

„Оваа трагедија е голем шок… и бара сериозна ревизија на сите безбедносни мерки“, рече тој.

Страотен пожар во трговски центар во Ирак, најмалку 60 жртви/ВИДЕО

Безбедносните стандарди во градежниот сектор во Ирак често се занемаруваат, а земјата, чија инфраструктура е во лоша состојба по децении конфликт, често е место на смртоносни пожари и несреќи.

Пожарите се почести во текот на жешките летни месеци кога температурите достигнуваат 50 степени Целзиусови.

Во септември 2023 година, пожар уби најмалку 100 луѓе кога зафати преполна сала за свадби во Ирак, предизвикувајќи панично туркање кон излезите. Во јули 2021 година, во пожар во одделението за Ковид-19 во болница во јужен Ирак загинаа повеќе од 60 лица.

ИЗДВОЕНИ