НБА-плејофот продолжи и веќе го добивме првиот конференциски финалист, Индијана пејсерс, која се пласира во финалето на Источната конференција. На петтиот натпревар, Индијана го победи Кливленд со 114:105 и ја доби серијата со 4:1 за финалето. Индијана беше предводена од Халибартон со 31 поен, шест скока и осум асистенции, додека Сијакам додаде 21 кош.
Но, многу поинтересно беше на мечот меѓу Оклахома и Денвер. Домаќинот стигна до меч-топка на Западот откако го совлада Денвер со 112:105 и со тоа поведе со 3:2 во полуфиналната серија. Популарниот Тандер беше предводен до триумфот од Глиџеус-Александер со 31 поен, шест скока и седум асистенции. На спротивната страна, Никола Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар со 44 поени, 15 скока и пет асистенции, но тоа не му помогна на Денвер.
Токму поради тоа, свој коментар имаше и легендарниот Чарлс Баркли, кој испрати отровни стрели до соиграчите на Никола Јокиќ – Мајкл Портер Џуниор и Џамал Мареј.
- Овој човек има поголема одговорност од кој било друг во НБА, и тоа не е фер, но е вистина. Ниту еден друг играч не го предводи својот тим со поени, скокови и асистенции, има многу одлични играчи во лигата, но никој нема одговорност како Јокиќ. Слушајте, мора да ги изговориме имињата на Мареј и Портер Џуниор. Ако се ѕвезди, мора да трпат добри работи, но и критики. Тие мора да му помогнат. Не е работа на Јокиќ да ги одржува сконцентрирани, нивна работа е да играат подобро. И тие добиваат одлична плата. Мареј не е повреден, мора да игра подобро, тој е втор најдобар во тимот, Браун играше добро, а во НБА можеш да играш со седуммина играчи и да освоиш прстен без да доведеш некој друг – истакна Баркли.
Инаку, оваа теза на Баркли држи вода ако се земе предвид дека Мареј постигна 28 поени, додека Портер само два.
Шестиот натпревар е закажан за петок, во 2:30 часот по полноќ.