четврток, јуни 4, 2026
Дома МАГАЗИН Инцидент во зоолошка градина во САД: Дете без надзор се приближило до...

Инцидент во зоолошка градина во САД: Дете без надзор се приближило до ограда за волци, претрпело полесни повреди

70
Фото:википедија

Осумнаесетмесечно дете е лесно повредено откако поминало под ограда во зоолошка градина во Херши, Пенсилванија, без надзор и се приближило до областа со волци.

Инцидентот се случил во Зоолошката градина Америка, каде што детето успеало да ја заобиколи надворешната заштитна ограда и да се приближи до металната ограда на оградениот простор за волци, според соопштението од управата на паркот, објави „Ен-би-си њуз“.

Како што е наведено, детето ја протнало раката низ заштитната бариера, по што се приближил волк и „дошло до контакт со неговата рака“.

„Оваа реакција е во согласност со природното однесување на животното и не претставува знак на агресија“, соопшти зоолошката градина, додавајќи дека повредите биле полесни.

Според интерен извештај, детето никогаш не влегло во самиот ограден простор со волците.

Управата на зоолошката градина нагласи дека безбедноста на посетителите е приоритет, но исто така нагласи дека гостите се должни да се движат само во одредените области и постојано да ги надгледуваат децата, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ