Пожар избувна во куќа во сопственост на 57-годишен маж во Горња Бистра, на улицата Бистранска, сoопшти загрепската полиција, објави Index.hr.
Според нив, тоа се случило вчера во 5:20 часот наутро, а истрагата утврдила дека пожарот најверојатно започнал кога паднала запалена спирала против комарци што била закачена на дрвен столб.
„Оттаму, пожарот се проширил на мебелот, кој бил целосно изгорен, на ѕидот од скалите и дел од покривот“, се вели во полициското соопштение.
Пожарот го изгаснале пожарникари, а 43-годишен член на семејството бил полесно повреден и добил медицинска помош во Клиничката болница Свети Дух, објави Index.hr.