сабота, јули 11, 2026
Дома БАЛКАН Инцидент над Грција: Борбени авиони во воздушен „конфликт“

Инцидент над Грција: Борбени авиони во воздушен „конфликт“

102

Вооружени турски борбени авиони продолжија да го нарушуваат грчкиот национален воздушен простор, а еден инцидент доведе до симулирана воздушна борба помеѓу два грчки Ф-16 и два турски Ф-16 во областа помеѓу островите Лемнос и Лезбос.

Грчките власти соопштија дека во текот на вчерашниот ден (понеделник) биле регистрирани вкупно 10 повреди на воздушниот простор. Ова е веќе трет ваков инцидент од почетокот на 2026 година, по претходните случаи регистрирани на 26 март и 12 мај.

Во овој дел од Егејското Море во моментот немало воени активности, со оглед на тоа што турската вежба „Ефес 2026“ завршила на 22 мај. Официјална Атина сега анализира дали настанот е изолиран инцидент или пак Анкара се враќа на претходните тактики на притисок.

За инцидентите се говореше и во грчкиот парламент, каде министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис, одговарајќи на прашање за доктрината „Сина татковина“, потенцираше дека меѓународното право бара договор меѓу соседните земји за разграничување на ексклузивната економска зона.

Ваквите прелети се случуваат во период на долгогодишни спорови меѓу Грција и Турција околу воздушниот простор, поморските зони и енергетските интереси, што придонесува за брзо враќање на атмосферата на недоверба меѓу двете земји.

ИЗДВОЕНИ