Екипата на Еурофарм Пелистер продолжува со засилувањата за новата сезона, а нов член на македонскиот вицешампион е босанскиот ракометар Омер Мехмедовиќ. Станува збор за 26-годишен среден бек, кој потпиша едногодишен договор со битолскиот клуб, со можност соработката да биде продолжена на уште една сезона. Со неговото доаѓање, тимот од Битола добива уште една важна опција во организацијата на играта пред новите предизвици на домашната и европската сцена.

Во Битола пристигнува од словенечкиот тим Рико Рибница, каде што настапуваше во изминатиот период, а официјалната промоција на новото засилување е најавена за стартот на подготовките за сезоната 2026/27.

Со Мехмедовиќ, Пелистер стигна до шестото засилување ова лето. Претходно, клубот ги ангажираше Марко Татар, Котар, Мартин Серафимов, Белистојаноски и Едвин Џелиловиќ.

Јасно е дека новиот предводник, Лино Червар, и раководството на клубот сериозно го градат тимот со кој битолчани ќе атакуваат на нови трофеи и силен европски настап.

ИЗДВОЕНИ