Инцидент на бензинска: Бесен маж удрил жена по глава зошто бавно полнела бензин

1423

Полицијата во Белград го уапси Т.В. (47) поради насилно однесување откако нападнал постара жена на бензинска пумпа.

Според првичните информации, мажот е осомничен за напад врз жена на бензинска пумпа на Трошарина, во белградската општина Вождовац.

Тој наводно бил нервозен затоа што постарата жена Б.В. (69) бавно полнела бензин. Разбеснет од ова, тој ѝ се приближил и ја удрил во главата, по што бил уапсен.

Истрагата ја води Второто обвинителство во Белград.

ИЗДВОЕНИ