понеделник, октомври 19, 2026
Дома СВЕТ Идната година Маск почнува со делење на акции: На секое дете во...

Идната година Маск почнува со делење на акции: На секое дете во САД по една!

9
EPA/SHAWN THEW

Илон Маск, сопственикот на компанијата „Спејс екс“ (SpaceX), денеска објави дека следната година ќе му подари по една акција од компанијата на секое дете во Соединетите Држави.

Во објава на својата платформа за социјални медиуми „Икс“ (X), Маск не наведе детали за тоа како ќе се спроведе распределбата на овие акции.

Врз основа на цената на затворање од 146,03 долари по акција минатиот петок, вкупната вредност на акциите што Маск планира да ги подели би изнесувала приближно 10,5 милијарди долари, според телевизијата CNBC.

Според документ доставен до американската Комисија за хартии од вредност (SEC) во август, Маск поседувал приближно 4,8 милијарди акции во „Спејс екс“.

Ако се вклучат и акциите што сè уште не се стекнати (т.н. „vested“ акции) – како оние добиени преку награди или опции за акции – неговиот удел изнесува вкупно околу 6,4 милијарди акции, односно 48,4 отсто.

„Ова ќе биде првиот од многуте вакви подароци“, додаде Маск на „Икс“, без да даде дополнителни детали.

Неговата најава доаѓа еден ден откако компанијата „Антропик“ (Anthropic) изјави дека планира да издвои пет отсто од своите акции за нов фонд од јавен интерес, со можност тој удел дополнително да се зголемува како што ќе расте вредноста на компанијата.

Коментирајќи ја таа иницијатива, Маск претходно сугерираше дека директната распределба на акции на граѓаните би била подобра опција, додавајќи дека тој има намера да го направи токму тоа.

ИЗДВОЕНИ