Легендарниот НБА-играч и шампион во најсилната кошаркарска лига со тимот на Бостон во 2008 година, Пол Пирс, предлага револуција во кошарката.

Десеткратниот учесник на ол-стар натпреварите го мачи фактот дека кошарката се претворила во натпревар за тројки и дека се шутираат премногу тројки, па затоа сака да воведе промена и да ја укине линијата за три поени. Иако не целосно, туку само во одредени моменти од натпреварот.

  • Еве што мислам дека треба да направат, искрено мислам така. Мислам дека линијата за тројки треба да биде ЛЕД-линија, со светла и да може да ја вклучувате и исклучувате во одредени моменти од натпреварот. Смешно е како изгледа сега. Гледав натпревар каде што тимовите шутираа само три поени три минути – рече Пирс во поткаст.

Тој тврди дека на овој начин може да се види кој има вистински талент и кој може да игра кошарка, а не само да шутира тројки.

  • Ако трае натпреварот 48 минути, линијата за три поени треба да функционира само 30 минути. Тогаш би гледале вистински натпревари. За да видите кој знае да игра, не може само да шутирате тројки за да видите кој ја има вистинската игра – заклучи Пирс.

Друг поранешен кошаркар, Дени Грин, беше во тој поткаст и истакна дека, за него, тоа звучи како правилата во кинеската кошарка или поточно дека е слична идејата. И дека таму, на крајот од натпреварот, линијата за три поени станува линија за четири поени.

ИЗДВОЕНИ