понеделник, јули 6, 2026
Дома СВЕТ И републикански сенатори гласаа да му се ограничат воените овластувања на Трамп...

И републикански сенатори гласаа да му се ограничат воените овластувања на Трамп во Иран

115
epa12972575 US President Donald Trump delivers remarks at a healthcare affordability event in the Eisenhower Executive Office Building on the White House campus in Washington, DC, USA, 18 May 2026. EPA/JIM LO SCALZO / POOL

Американскиот Сенат усвои резолуција со која се ограничуваат воените овластувања на претседателот на САД, Доналд Трамп, во Иран, благодарение на четворица републиканци што гласаа за предлогот на демократите, додека тројца сенатори од таа партија се воздржаа од гласање, објави „Ројтерс“.

Ова е само првиот чекор во усвојувањето на резолуцијата, зашто за неа треба да се изјасни и Претставничкиот дом. Во случај да се усвои, се очекува Трамп да стави вето на неа. Во Сенатот предлогот е усвоен со 50 гласа „за“ и 47 против. Четворица републиканци му се придружија на мнозинството демократи во корист на резолуцијата, додека сенаторот Џон Фетерман од Пенсилванија беше единствениот демократ што се спротивстави. Тројца републиканци не гласаа, помагајќи им на демократите да добијат мнозинство за својот предлог за ограничување на воените овластувања на Трамп кон Иран.

Усвоената резолуција му наредува на претседателот да „ги отстрани вооружените сили на САД од непријателствата во или против Иран, освен ако не е изречно овластен со објава на војна или посебно овластување за употреба на воена сила“. Трамп го „заврши“ конфликтот со Иран на 1 мај, а ова гласање во Сенатот е второ откако тој формално го извести Конгресот дека почнала акција против Техеран.

ИЗДВОЕНИ