Малкумина веруваа во квалитетите на 24-годишниот Џошуа Ван, кој влезе во октагонот минатиот викенд, на настанот „УФЦ 323“ во Лас Вегас, а излезе од него како нов шампион во мува категоријата. Но, еден детаљ особено привлече внимание.
Имено, неговата секојдневна рутина – појадок во „Мекдоналдс“ е главна тема во светските медиуми.
Неговата победа дојде на најнепосакуваниот можен начин. Само 26 секунди по почетокот на борбата, поранешниот шампион Александар Пантоја се обиде да зададе висок удар, но ја зауби рамнотежата и падна, тешко повредувајќи ја раката. Се чинеше дека е истегнување или фрактура, принудувајќи го судијата да ја прекине борбата. Така, Ван стана вториот најмлад шампион на УФЦ во историјата, зад Џон Џонс.
- Тој е еден од најголемите на сите времиња, не сакав да биде така – истакна Ван во интервју по борбата, изразувајќи искрено разочарување поради околностите под кои го освои појасот.
Но, она што следуваше навистина го привлече вниманието на јавноста. Кога го прашаа за неговиот режим на тренирање и за исхраната, Ван лежерно ја откри својата рутина за појадок што би ги згрозила нутриционистите во светот. Тој јаде во „Мекдоналдс“ секое утро.
- Одам во „Мекдоналдс“ секое утро. Две бурита, два хашбраун и сок од портокал. За ручек – биг мек. Тоа е мојот појадок секој ден – откри новиот шампион во мува категорија.











