Поранешниот репрезентативец на БиХ, кошаркарот Мирза Телетовиќ, предизвика голема бура со својата срцепарателна изјава што ја даде во еден поткаст.
Телотовиќ е вистинска кошаркарска икона во овој регион, особено во Босна и Херцеговина.
Поткастот веќе „собра“ речиси 20.000 прегледи за помалку од 16 часа откако беше емитуван, а Телетовиќ зборуваше за различни теми.
Неизбежна тема беше белодробната емболија, каде што Телетовиќ откри дека можел да умре од сè што му се случило.
- Бев под кошот и сакав да го фаулирам Блејк Грифин, но немав никаква реакција во рацете. Се свртев кон докторот Тим Волш и побарав замена. Одидовме во тунелот, а јас како да се душев. Прстите ми посинија, дојдоа од итната помош. Беше хаос. Ми рекоа: „По сè изгледа, си имал срцев удар“. Каков срцев удар, ќе одам да се истуширам. Си реков: „Клинички, добро сум, не сум во опасност“. Родителите ме прашуваа што се случи. Реков дека сè е во ред, дека, веројатно, сум изморен. Се јавија преку „Скајп“ кога тропна некој на вратата. Отидов до вратата, таму беше Тим Волш, солза му потече од окото. Излегов, а ходникот беше полн со интервентна, доктори… Прашав: „Тим, што е ова?“ Тим ми одговори: „Имаше белодробен инфаркт“. Како преживеав, никој не знае, дури ни докторите. Докторот претпоставува дека откако сум паднал, моето тело малку се вратило.М е фатија за рака, споменаа згрутчување на крвта, никогаш порано не сум го слушнал тој термин. Ме ставија во инвалидска количка, ме вртеа наоколу. Се плашеа дека ќе се случи повторно, дека нема да преживеам пак. Отидовме во болница, докторот рече дека имаме проблем, ми го покажа скенирањето, сè беше блокирано, големо згрутчување на крвта. Се прашував дали е можно тоа – раскажа Телетовиќ.
Потоа му рекле дека може да заврши на респиратор.
- Телефонот постојано ми ѕвонеше, докторот ми рече дека ќе бидам во критична состојба 48 часа, дека ако ми откажат белите дробови, ќе ме стават на вентилатор и ќе чекаат донатор на бели дробови. Го гледав Тим, околу 48 часа, само што играв на натпревар. Ми рекоа дека ми е бавно срцето, дека не треба да заспијам, дека срцето може едноставно да ми застане, дека мора да проверат дали има некакво оштетување на него. Помислив, о Боже, каква збрка! Били Кинг, кој беше генерален директор, дојде и ми кажа што и да ми треба, дека се тука – вели Телетовиќ.
Дури откако ја видел својата сопруга, Маја, сфатил колку е сериозна ситуацијата. Ја замолил веднаш да напише тестамент.
- Ми дадоа кислород, нешто против згрутчување на крвта, ми рекоа да не седам многу, да лежам, дека не можам да спијам барем 12 часа. Бев изморен, играв, сакав да спијам. Се сеќавам, веднаш го повикав мојот финансиски советник, Кларк, да напише тестамент. Дојдоа, ѝ кажаа на Маја, одбив да бидам ставен на респиратор и сакаа трансплантација на белите дробови. Сето ова се случи во болницата. Маја дојде со авион, кога ја видов, почнав да плачам. Се тресеше, рекоа дека има голема шанса за втор инфаркт на белите дробови и дека шансите да преживеам се минимални. Имав навика да палам кубанска цигара и нешто слично. Готово е, срцето повторно ми работи нормално, згрутчувањето се распадна – се присети Телетовиќ на моментите кога бил на работ на смртта.











