Хорор во Франција: Маскиран ученик (15) со нож избодел соученици – има мртви и тешко повредени

150

Едно лице загина, а најмалку три се тешко повредени во четвртокот во страшен напад со нож во приватно училиште во Нант, Франција.

Полициски извори откриваат дека напаѓачот е средношколец (15). Полицијата успеала да го уапси на местото на настанот, откако претходно бил совладан од член на училишниот персонал.

Како што наведува Europe1 по расправија напаѓачот се качил на вториот кат и  избодел девојче. Тој брзо се спуштил и избодел уште тројца ученици.

Се наведува дека напаѓачот бил облечен во црно и носел кацига и фантомка. Локалните медиуми јавуваат дека заедно со неговите училишни работи биле пронајдени два ножа. Тој претходно не и бил познат на полицијата и нема индиции дека нападот бил терористички мотивиран.

 

ИЗДВОЕНИ