Незадоволството кај луѓето го поттикна планот на Владата значително да ги намали јавните трошоци, што би можело да влијае на здравствениот систем, образованието и на транспортот, а дополнително го подгреаја најавените реформи на пензискиот систем и евентуалното одложување на пензионирањето. Протестите и блокадите на сообраќајници кои се секојдневни, а според најавите синоќа требаше да ескалираат ширејќи се на 250 локации со учество на 600.000 до 900.000 луѓе, имаат и политички контекст. Новиот премиер, Себастијан Лекорну, ја презеде функцијата во време кога кредитните агенции го намалуваат рејтингот на Франција, а Брисел бара враќање на буџетскиот дефицит во дозволените граници.
Смената на премиерот Франсоа Бајру не помогна. Ескалира бранот штрајкови што ја зафати Франција уште минатата недела кога тој се обиде да го скастри државниот буџет за наредната година за да го реши дефицитот што избега многу од европската рамка. Немирите низ цела Франција продолжија и откако пратениците му изгласаа недоверба на Бајру, а претседателот Емануел Макрон за негов наследник го назначи Себастијан Лекорну, кој е седми премиер што го избира откако е на чело на државата.
Незадоволството кај луѓето го поттикна планот на Владата значително да ги намали јавните трошоци, што би можело да влијае на здравствениот систем, образованието и на транспортот, а дополнително го подгреаја најавените реформи на пензискиот систем и евентуалното одложување на пензионирањето. Граѓаните бараат кастрењата да не паднат на нивни грб. Синдикатите инсистираат побогатите граѓани и големите корпорации да го сносат поголемиот товар, предупредувајќи на зголемената социјална нееднаквост и падот на куповната моќ. Според нив, буџетот најмногу ги погодува оние со пониски и средни приходи. Поради тоа, нацртот на државниот буџет за наредната година кој властите го претставуваат како неопходен чекор за намалување на зголемениот јавен долг, синдикатите и граѓаните го нарекоа хорор-шоу и го сметаат за напад врз социјалните права.
Протестите и блокадите на сообраќајници кои се секојдневни, а според најавите вчерва треба да ескалираат ширејќи се на 250 локации со учество на 600.000 до 900.000 луѓе, имаат и политички контекст. Новиот премиер ја презеде функцијата во време кога кредитните агенции го намалуваат рејтингот на Франција, а Брисел бара враќање на буџетскиот дефицит во дозволените граници.
Главниот синдикат на средните училишта објави дека 45 проценти од персоналот веќе штрајкува во основните и во средните училишта низ Франција, а протестираат и учениците. Само во Марсеј утрово, повеќе од 900 луѓе учествуваа во 18 блокади кои полицијата ги растурила, но, додека полицијата ги отстранува демонстрантите од една локација, тие одат на други. Така, по блокада на средно училиште во Париз, демонстрантите блокирале трамвајски пруги. Обидот за блокирање на автопатот во Лион беше спречен, додека некои патишта беа блокирани, но само за кратко време. Фармацевтите во Ле Ман, западна Франција, седнаа на улицата на мирен протест, додека многу аптеки беа затворени.
Полицијата и жандармеријата утринава регистрираа 170 протести во Франција, вклучувајќи 63 блокади, а поради протестите, сообраќајот беше нарушен на неколку линии јавен превоз во Парискиот Регион, објавува телевизијата БФМ. На протестите во Тулуз, Брест и Марсеј се уапсени 30 лица, според извештајот на француската полиција објавен во осум часот наутро.
Како што опиша „Франс 24“ , француските синдикати сега имаат редок приказ на единство.