Херојот на Британија во животна опасност: Спречил поголемо крвопролевање во возот

259
EPA/TAYFUN SALCI

Вработен во Британските железници е тешко повреден откако се обидел да го запре напаѓачот во возот, спасувајќи ги животите на многу патници. Ранетиот работник во британските железници, кој ги спаси животите на многу луѓе за време на нападот со нож во возот, е во животна опасност од повредите.

Интервенцијата на работникот во Лондонската североисточна железница (LNER), чие име не е објавено, беше опишана како „херојска“ од портпаролот на полицијата, пренесе Би-Би-Си.

32-годишниот напаѓач е единствениот осомничен по нападот во саботата навечер врз возот што сообраќаше од Донкастер до лондонскиот Кингс Крос. Единаесет лица беа згрижени во болница по нападот, а во неделата навечер, Британската транспортна полиција (BTP) потврди дека пет од жртте се отпуштени од болница.

ИЗДВОЕНИ