Разорен земјотрес во Авганистан: Најмалку 20 мртви, оштетена е познатата Сина џамија/ВИДЕО

787
Photo X: Afghan Red Crescent | افغاني سره میاشت

Најмалку 20 лица загинаа, а повеќе од 320 се повредени во земјотрес со јачина од 6,3 степени што го погоди северен Авганистан.

Земјотресот се случил околу 1 часот наутро, а епицентарот бил на длабочина од околу 28 километри, објави „Хиндустан тајмс“.

Земјотресот ја оштетил познатата Сина џамија во градот Мазар-и-Шариф, која датира од 15 век.

Порано оваа година, земјотрес со јачина од 6 степени го погоди Авганистан, при што загинаа најмалку 2.200 луѓе.

ИЗДВОЕНИ