Покрај скопскиот пожар кај депонијата Визбегово, уште дава пожари се критични – едниот кај селото Николич, Дојран каде хелокоптер учествува во гаснењето, а другиот е над фабриката Самоков кај Македонски Брод за чие гасне ње е ангажран „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов очекува овие два тешки пожари во текот на денот да бидат ставени под целосна контрола.
– Пожарот што трет ден гори во околината на с.Николиќ, Дојранско, го догасуваат храбрите гевгелиски и дојрански пожарникари од земја, но и со голема помош од хеликоптерот на МВР од воздух. Особено на повисоките места што дополнително се непроодни заради густата нискостеблеста вегетација позната како ,,прнар”. Нашиот фокус денеска ќе биде на гаснење на пожарот во околината на Дојран над селото Николич. Овде има една сосем мала брана која што хеликоптерот ја користи за полнење на вода и дејствува врз овој тежок пожар кој се наоѓа на исклучително стрмен терен. Затоа денеска го користиме хеликоптерот кој со кратки налети од три до четири минути брзо и ефикасно делува врз пожарот. Моја претпоставка е дека за неколку часа овој пожар ќе биде ставен под целосна контрола, а верувам и изгаснат, вели Ангелов.
Ангелов се надева дека денеска под контрола ќе биде ставен и пожарот над фабриката Самоков во Македонски Брод.
Тој информираше дека рабо утрово е целосно изгаснат пожарот што три дена гореше во атарот на Чучер Сандево.