Во просториите на Министерството за односи меѓу заедниците, утре (23 мај) со почеток во 14 часот, ќе се одржи настан по повод посетата на група од Харвард во рамки на иницијативата Балкан Трек, на кој ќе присуствуваат и 40 мастер и докторски студенти од оваа престижна образовна институција. Воедно предвидено е присуство на министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Балкан Трек, инаку е иницијатива во чии рамки студентите од Харвард се запознаваат со политичката и економска ситуација во одредени региони, со главен фокус на луѓе, проекти и идеи кои ја сочинуваат иднината на истиот. Досегашните искуства говорат дека повеќето дипломци ги продолжиле кариерите во дипломатската и јавната служба, па затоа оваа средба треба да биде добра можност да ја покажеме нашата земја во најдобро светло и да поттикнеме изградба на односи со единствена цел позитивните ефекти од нивната посета да се видат во годините кои доаѓаат.

 

ИЗДВОЕНИ