Речиси идентичен годишен раст на депозитите и кредитите е забележан во септември. Податоците на Народна банка покажуваат раст од 13,2% на вкупните депозити и раст од 13,5% на вкупните кредити.

Граѓаните во банките чуваат вкупно 10,22 милијарди евра, но нивниот долг изнесува 8,66 милијарди евра. Анализата на Народната банка покажува дека домаќинствата се повеќе штедат во банка, а компании се повеќе се задолжуваат во банките.

Во септември е забележен месечен раст на вкупните депозити од 0,3%, додека депозитите на корпоративниот сектор се намалени. Кај домаќинств ата растот е поради зголемените депозитни пари, долгорочните депозити во денари и краткорочните депозити во странска валута. Истиот месец вкупните кредити се зголемени за 0,9% на месечно ниво, поради растот на кредитирањето на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“.

Од централната банка посочуваат дека месечната и годишната промена се должат на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со поизразен придонес на кредитите во денари.

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во септември како најзастапени категории, на месечна основа се зголемени за 0,9% и 1,6%. На годишна основа кај овие кредити има раст од 10,2% и од 16,1%.

Во септември е забележан раст од 1,3% на автомобилските кредит, но на годишна основа овие кредити бележат пад од 0,6%. Задолжувањето опаѓа кај кредитните картички. Во септември кај овие кредити има намалување од 0,3%, но на годишно ниво намалувањето е од 6,7%.

Кај негативните салда на тековните сметки и кај кредитите одобрени врз други основи е забележан месечен раст од 1,3% односно од 0,4%,  додека на годишна основа се намалени за 2,7% и од 8,5%.

ИЗДВОЕНИ