Проектот „Градски воз“, кој од 1 септември ќе почне со изградба на првата линија, ќе значи нов еколошки транспорт за голем дел од граѓаните што имаат дневна рутина да се движат кон центарот на градот, на потегот од Зелениково, преку Драчево, Лисиче, Аеродром, до Транспортниот центар, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

– Бидејќи во текот на зимските месеци, знаете како што се случува во главниот град загадување и слично, цениме дека на овој начин ќе обезбедиме побрз и еколошки транспорт на голем дел од нашите сограѓани. На реконструираната пруга, електрифицирана, тие сега ќе може да се движат со брзина од 80 до 90 километри на час наместо досегашните од 20 до 30 – рече Мицкоски.

Тој истакна дека се работи и на другите две делници – од Ѓорче и од Илинден.

– Очекувам целосно да биде заокружен целиот овој проект до крајот на 2027 или во 2028 година и ова да биде понудено како алтернатива за превоз на голем дел од нашите граѓани што се движат од периферијата кон центарот на градот – рече Мицкоски.

 

 

ИЗДВОЕНИ