Убави и радосни вести пристигнуваат од Општата болница во Кавадарци, каде што на Денот на сесловенските просветители, свети Кирил и Методиј, се родија дури седум новороденчиња – четири машки и три женски бебиња.
Среќната вест предизвика насмевки и позитивни реакции, а медицинскиот персонал уште еднаш беше дел од најубавите животни моменти – доаѓањето на нов живот.
Раѓањето на седум бебиња во едно утро претставува вистински убав настан не само за семејствата што добија нови членови туку и за целиот Тиквешки Регион.
– Оваа прекрасна вест донесе насмевки и радост, а медицинскиот персонал уште еднаш ја сподели убавината на најсреќните мигови – доаѓањето на нов живот – се наведува во објавата на „Тиквешинфо“.
Ваквите моменти секогаш носат дополнителна надеж и позитивна енергија, а седумте нови животи претставуваат нов почеток, радост и иднина за нивните семејства.












