Градот се натпреварува за престижната „People’s Choice Award“, награда од публиката

316

Градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, објави дека Крушево е меѓу најдобрите 100 приказни во светот, во областа на одржливиот туризам и дека овој пат се натпреварува за престижната „People’s Choice Award“, награда од публиката.

– Ова признание е доказ за нашата традиција, природната убавина и за заедничката посветеност кон одржливиот развој – истакна Чонески.

Тој ги повика граѓаните да гласаат за Крушево на линкот: https://gdcommunity.typeform.com/Top100PCA2025?typeform-source=com.google.android.gm и, како што вели, заедно да покажеме дека градот заслужува светско внимание.

– Да го поддржиме Крушево, гордо, обединето и со срце – заклучи Чонески.

ИЗДВОЕНИ