понеделник, октомври 19, 2026
Дома СКОПСКА Градежна офанзива во општина Илинден – асфалтирани шест улици во четири населени...

Градежна офанзива во општина Илинден – асфалтирани шест улици во четири населени места

2

Општина Илинден продолжува со силна градежна офанзива и интензивни инвестиции во модернизација на локалната патна инфраструктура.

Успешно е завршено асфалтирањето на шест улици во населените места Илинден, Мршевци, Марино и Кадино, во вкупна должина од околу 1.100 метри. Во Илинден се асфалтирани улица „11“ и крак на улица „8“, во Мршевци ,улица „4“, во Марино два крака од улица „531“, како и крак од улица „7“ во Кадино.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека општината продолжува со засилена динамика на инфраструктурни инвестиции, со јасна цел за модерна патна мрежа, рамномерен развој и подобри услови за живот во секое населено место.

-Со реализацијата на овие инфраструктурни проекти значително се подобруваат условите за сообраќај, се зголемува безбедноста и се обезбедува поквалитетно секојдневие за жителите – соопштија од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ