Ѓорѓиевски: Скопје заслужува визија, развој и сигурна иднина

29
Фото Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, порача дека денешните локални избори се  празник на демократијата.

„Денес е празник на демократијата, ден кога гласот на секој граѓанин има сила да ја обликува иднината, рече Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Ве повикувам да излезете масовно, да го остварите своето право на глас и да го направите изборот што го заслужувате вие, вашите деца и генерациите што доаѓаат. Скопје заслужува визија, развој и сигурна иднина. Скопје го заслужува најдоброто!“, рече Ѓорѓиевски откако го оствари своето право на глас.

ИЗДВОЕНИ