сабота, јули 11, 2026
Дома СКОПСКА Ѓорѓиевски ќе ги слушне проблемите на граѓаните на лице место

Ѓорѓиевски ќе ги слушне проблемите на граѓаните на лице место

389

Од Кисела Вода, во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во 19:30 часот, скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски утре ги започнува теренските посети во сите скопски општини.

Тој информираше дека заедно со него ќе бидат и директорите на јавните претпријатија на Град Скопје, како и претставници од градските сектори, за, како што вели граѓаните директно да постават прашања, да дадат предлози и да добијат конкретни одговори, но и брза реакција, брзо решение.

Ќе ги слушнеме проблемите од лице место, ќе направиме увид во проектите што се започнати, ќе разговараме за она што треба да се реализира и ќе ги решаваме работите таму каде што најмногу значат, меѓу граѓаните – истакна Ѓорѓиевски.

Тој наведе дека за само шест месеци Град Скопје успеал да откочи, да започне и да реализира бројни проекти кои со години биле заборавени, заглавени или оставени без волја за работа.

ИЗДВОЕНИ