четврток, февруари 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ѓорѓи Галетановски се повлече од функцијата претседател на градската организација на СДСМ

Ѓорѓи Галетановски се повлече од функцијата претседател на градската организација на СДСМ

181

Ѓорѓи Галетановски си поднел оставка од претседател на градската организација на СДСМ, објави ТВ 24, според потврдена информација од висок партиски функционер од СДСМ.

Според истиот функционер оставката е неотповиклива и е од морални причини и лични причини, а доаѓа по првиот круг од локалните избори , на кои СДСМ доживеа дебакл и освои  5 советници во Град Скопје.

Официјално од партијата на Венко Филипче само  потврдуваат дека оставката е доставена на Бихаќка.

„Оставката е поднесена од лични и морални причини и доставена до партијата. Во однос на понатамошните одлуки органите на СДСМ ќе постапат согласно статутарните одредби на партијата, за што ќе ја информираме јавноста, велат за ТВ 24 од СДСМ.

Инаку, Галетановски е еден од  неколкумината советници кои СДСМ ги освои во советот на Град Скопје.  Во мандатот на Петре Шилегов во Град Скопје, тој беше директор на Зоолошката градина.

ИЗДВОЕНИ