Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, која успешно ги мина квалификациите за Вимблдон и обезбеди пласман во главната ждрепка има причина да биде задоволнс
Трите поминати пречки во квалификациите на Ѓорческа ѝ донесоа скок од 14 позиции и на најновата ВТА листа таа се наоѓа на 209. место со 367 бода. Претходниот период таа немаше голем успех на турнирите и падна неколку места, но сега има можност повторно да го нападне својот најдобар пласман во кариерата – 170. позиција.
Што се однесува до врвот, Арина Сабаленка се уште е прва, но релативно слабите резултатите на последните турнири, вклучувајќи ги гренд слемовите придонесе предноста пред Рибакина да се намали на само 407 бода.












