Голем пожар во Вардариште, Аеродром исклучен од електро мрежата

114

Регионалниот центар за управување со кризи- Скопје, известува дека Противпожарната бригада, од околу 12:00 часот во кругот на поранешната депонија Вардариште на поголема неутврдена површина, гаснат запалена сува трева и отпаден материјал.

Моментално во гаснењето учествуваат седум противпожарни возила и најмалку 20-тина пожарникари.

Поради опасноста од зафаќање на трафостаница и електрични водови, превентивно струјата е исклучена и поради тоа поголемиот дел од општината Аеродром е без електрична енергија, известија од ЦУК.

Во моментов 47.000 корисници се без снабдување со електрична енергија.

Напонот ќе биде повторно воспоставен по известување од Противпожарната бригада дека теренот е безбеден и пожарот е изгаснат – информираат од Електродистрибуција.

ИЗДВОЕНИ