Голем пожар избувна денеска во 12-тио париски арондиман зафаќајќи една осумкатница, а околу 180 пожарникари се обидуваат да го стават пламенот под контола, пренесуваат француските медиуми.
Според првичните информации, во пожарот нема повредени, пренесе ТВ-станицата Бфм.
Како што наведоа градските официјални лица, станува збор за зграда во изградба, а сите вработени на градилиштето се брзо евакуирани.
Gros incendie en cours à Paris à proximité de Bercy dans le 12e arrondissement #paris #incendie pic.twitter.com/Oy799Cb7yx
— Thomas L. (@Eclectik_Paris) July 15, 2025
Во гаснењето на пожарот учестуваат 60 пожарникарски возила, наведе противпожарната служба.
Како што соопшти градската управа во објава на платформата „Икс“, пожарот избувнал на зградата наречена „Месижер“ на улицата Шароле.
„Пожарникарските екипи се на местот на пожарот и се обидуваат да го доведат под контрола. Ве молиме да го избегнувате ова подрачје“, наведоа градските власти.
Пратеникот во градскиот парламент Емануел Грегоар им се заблагодари на пожарникарските и останатите итни служби на брзата реакција.
Грегоар, кој е кандидат за градоначалник на Париз, додаде дека пожарот избувнал на зграда во изградба.
Зградата требаше да биде завршена во октомври, наведува Бфм.