сабота, јануари 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Годинава се предвидени над 160 проекти во областа на образованието

Годинава се предвидени над 160 проекти во областа на образованието

16

Премиерот, Христијан Мицкоски при пуштањето во употреба на реконструираната спортска сала во кратово најави дека годинава се предвидени над 160 проекти во областа на образованието.

–И овој објект е дел од тие инвестиции. Повеќе од 160 до 170 проекти ширум државата се предвидени за инвестирање во делот на образованието, училишта, студентски домови, итн. Ова е нешто што претставува императив за оваа Влада – изјави Мицкоски.

Премиерот истакна дека за година и половина се инвестирани повеќе од 65 милиони евра во образованието.

Тој му честиташе на градоначалникот Тодорче Николовски за исклучително успешната работа во општина Кратово.

– Моето присуство, на останатите членови на Владата и на пратениците во македонското Собрание е исклучително значајна порака за Кратово и кратовчани дека како Влада ќе продолжиме да ги поддржуваме проектите што одговараат на потребите на жителите во оваа општина. Неколку проекти се реализираат од средствата што ги пренасочивме од централниот буџет кон општините и тој процес ќе продолжи во годините коишто следат. Наш интерес како Влада е интересот на граѓаните. Сето она коешто претставува нивна потреба, ние тоа да го реализираме. Нека е честито пуштањето во функција на овој прекрасен објект и уште многу спортисти и таленти да изникнат од оваа спортска сала – рече Мицкоски.

ИЗДВОЕНИ