вторник, јули 14, 2026
Дома МАГАЗИН Го оженивме Тајзи со зурли и тапани

Го оженивме Тајзи со зурли и тапани

252

Македонскиот музичар од поновата генерација, кумановецот Драган Величковски, попознат по прекарот Тајзи, на ден Петровден застана на лудиот камен. Тој стапи во брак со својата долгогодишна девојка, Ангела Анчевска, со која, како што откри неодамна, го очекува своето прво дете.  На големата свадбена прослава присуствуваа бројни личности од македонската естрада. Тајзи сподели само мал дел од атмосферата со своите обожаватели. Па така, популарниот Слаткар се пофали дека убаво си поминал на свадба со својата сопруга Сања, со впечатлив коментар: „Го оженивме Тајзи“.

Инаку, Тајзи и Ангела се свршија пред пет месеци, а нивната свадба е само логичен редослед на убавите случувања во заедничкиот живот. Свадбената веселба почна со нивно танцување на романтичен валцер, сами на подиумот.

Ангела, како принцеза, беше раскошно облечена во венчаница од тул, додека Тајзи – во елегантен бел свечен карактеристично машки костум со пеперушка. Веселбата траеше до доцна во ноќта. Славеникот Тајзи запеа и со Слаткар, Пајак и со „2 Бона“, со што свадбата стана како нивни заеднички концерт. Сепак, по полноќ, атмосферата зовре на вистинскиот македонски начин, со неизбежните зурли и тапани.     (Д. М.)

 

 

ИЗДВОЕНИ