Го освоивме Покровск, тврдат Русите/ВИДЕО

281
screenshot X video

Руските трупи го зазедоа украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Донецк, кој е под напад околу една година, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков рече дека претседателот Владимир Путин бил информиран, но засега нема потврда од Киев.

Руските сили, исто така, наводно го заземале и градот Вовчанск во соседниот Харков. Тврдењата не можеа да бидат независно потврдени, иако украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави за време на посетата на Париз дека интензивните борби продолжуваат околу Покровск и во Харков.

Набљудувачите сугерираат дека руското објавување за воени освојувања би можело да биде темпирано да претходи на очекуваната посета на Москва од страна на американскиот специјален претставник Стив Виткоф во вторник, додека Кремљ се обидува да покаже напредок пред разговорите за евентуален мировен план, објави Хина.

ИЗДВОЕНИ