вторник, јануари 20, 2026
Дома СКОПСКА Глоба од 1.300 евра зашто камиони со валкани гуми се вклучувале во...

Глоба од 1.300 евра зашто камиони со валкани гуми се вклучувале во сообраќај   

1908

Општина Аеродром изрекла глоба од 1.000 евра за фирмата и 300 евра за управителот поради прекршување на Законот за јавна чистота.

– Поточно, при контрола на градилиште во близина на ПС Аеродром во Ново Лисиче, инспекторите утврдија дека возила со валкани гуми влегувале во сообраќај, со што се нарушува чистотата на околината и се прекршуваат законските одредби. Ваквите прекршоци не се дозволени и ќе се санкционираат строго и без исклучок – децидни се од Општината.

Оттаму додаваат дека во наредниот период, покрај редовните, ќе се вршат засилени контроли на сите активни градилишта.

– При контролите ќе се проверуваат: почитување на мерките за заштита на животната средина, преземање обврски за спречување загадување, одржување на јавната чистота на градилиштата и избегнување узурпација на јавни површини – објаснуваат од Општина Аеродром.

Притоа, апелираат до сите правни и физички лица да ги почитуваат законите и прописите бидејќи, како што нагласуваат, само така заеднички може да се обезбеди чиста, здрава и безбедна средина за сите жители.

 

 

ИЗДВОЕНИ