среда, октомври 14, 2026
Дома СВЕТ Германската полиција покрена истрага откако робот наводно сексуално вознемирил тинејџерка

Германската полиција покрена истрага откако робот наводно сексуално вознемирил тинејџерка

0

Полицијата во Германија покрена истрага за сексуален напад откако робот, управуван од двајца тинејџери, наводно го триел својот долен дел од телото (карлицата) од 16-годишна девојка и ја допирал, пренесува Си-ен-ен“.

Според извештајот, инцидентот се случил доцна во неделата вечерта во градот Келн, во западната покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Полицијата соопшти дека 16-годишниот сопственик на роботот и неговиот 19-годишен придружник го снимале наводниот напад и го емитувале во живо на социјалните мрежи.

Девојката се наоѓала пред ресторан за брза храна во периодот меѓу 23:45 часот и полноќ по локално време, во друштво на пријателки на возраст од 17 и 18 години. Роботот, висок околу 1,20 метри, ѝ пришол одзади и ги извршил наводните дејствија, соопшти полицијата, пренесува „Си-ен-ен“.

На местото на настанот биле испратени служби за итна интервенција, кои ги затекнале наводните сторители и го пронашле роботот во багажникот на автомобил, извести полицијата.

Надлежните органи ги одзеле роботот и мобилните телефони на двајцата осомничени.

На снимките што кружат на интернет се гледа како роботот – облечен во бел елек и со златно ланче и очила за сонце – им приоѓа на жени на улицата и прави експлицитни сексуални гестови, се наведува во извештајот. Надлежните истражуваат дали движењата на роботот биле однапред програмирани или некој намерно го управувал во моментот на инцидентот.

ИЗДВОЕНИ