Дирекцијата за заштита и спасување информира дека делот од пожарот во Трубарево во објектот со складиран електронски отпад и пластика на компанијата Ф-Групација кој зафаќа електронски отпад ќе се гаси со песок. Претходно беше објавено дека се работи за објектот на „Нула отпад, но, оттаму реагираа со демант на социјалните мрежи.
Директорот Стојанче Ангелов појасни дека досегашното гаснење со вода не е ефикасно за овој дел од пожарот, бидејќи се работи за запалив материјал како електронски компоненти, дрвја, пластика и даски.
Делот во кој се наоѓа електронскиот отпад, рече Ангелов, се изолира и ќе биде гаснет со песок.
Ангелов најави и дека во секој момент ќе пристигне голема количина на песок.